Фудбал
14. December 2016 - 18:09

Младите повторно подобри од сениорите во дуелот на двете македонски фудбалски селекции

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година по втор пат беше подобра од своите колеги од сениорскиот тим. 
 
Откако пред два дена избраниците на селекторот Благоја Милевски славеа победа со 2-1 во дуелот со „А“ репрезентацијата составена од домашни прволигашки играчи, денеска младинците победија со 1-0. 
 
Триумфот на млада селекција во и го донесе Емил Абас кој во 80.минута, го постигна единствениот гол на натпреварот. 
 
Со денешниот натпревар заврши и мини селективниот камп на двете репрезентации предводени од селекторите Ангеловски и Милевски, 
 
Во тимот на репрезентацијата до 21-годинја, селекторот Милевски претежно играше со нови фудбалери кои треба да бидат носители на играта во наредниот циклус, додека Ангеловски во „А“ тимот повика неколкумина актуелни У21-репрезентативци кои од наредната година ќе треба да влезат во сениорскиот тим, како и уште неколку потенцијални фудбалери од Првата лига кои се борат за место на репрезентативниот список.