Ракомет
1. July 2017 - 15:04

Младите македонски ракометари ќе одиграат два натпревари против Катар

 
 
 Младата ракометна репрзентација на Македонија (до 20 години) ќе одигра два контролни натпревари против Катар во Доха.
 
Избраниците на селекторот Илија Темелковски во Маврово ги одработуваат подготовките за претстојното Светско првенство во Алжир. Тие во Маврово ќе бидат до 6 јули, а потоа ќе заминат за Доха каде на 11 и 12 јули ќе игра две пријателски средби против Катар.
 
Заминувањето за Алжир е предвидено за 16 јули, два дена пред стартот на Мундијалот (18 јули).
 
Македонија е во Ц група заедно со Шпанија, Тунис, Бразил, Русија и Буркина Фасо, а прв противник на црвено-жолтите ќе бидат нивните руски врсници