Loading Video...
Ракомет
17. August 2018 - 14:35

Младите македонски ракометари „целат“ кон финалето

Македонската ракометна репрезентација со максимални пет победи ја заврши групната фаза на Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Грузија.
 
Избраниците на селекторот Брестовац и стручниот штаб, денеска ќе може да го анализираат својот противник во полуфиналето, а тоа е селекцијата Белорусија која со две победи и два порази заврши како второ пласирана. 
 
Дуелот за влез во финалето ќе се игра утре со почеток од 18 часот, а претходно во првиот полуфинален меч ќе се сретнат Швајцарија и Италија. 
 
Потсетување дека само победникот од овој турнир, како и турнирот кој се одржува во Австрија, ќе обезбедат настап во поелитната европска конкуренција 
 
 
Сабота   
1/2 финале 
17,00  Швајцарија – Италија 
19,15  Македонија – Белорусија 
 
Недела 
3.место   16,00  
Финале   18,00