Кошарка
29. July 2016 - 22:17

Младите македонски кошаркари поразени од Бугарија

Младата машка кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз од Бугарија ги започна натпреварите на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.
 
По лошото прво полувреме во кое имаа негатива од дури 18 поени разлика црвено жолтите одиграа квалитетно единствено во третиот период и ја намалија негативата на осум поени разлика, а имаа и три можности да ја намалат и на помалку. Но, откако не ги искористија можностите следеше нов пад во играта што на крајот резулираше со пораз од конечни 69-88.
 
Во редовите на црвено-жолтите три играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Мамузиќ беше најефикасен со 22 поени, Ефреовски постигна 17, а Хот беше стрелец на 10 поени.
 
Следеден противник на нашите надежи се кошаркарите од Ирска против кои ќе играат утре во истиот термин од 18 часот и 45 минути.