Македонија
13. November 2016 - 20:32

Младите го чистеа Водно од отпадоци

Младите од различна етничка припадност уште еднаш го исчистија Средно Водно од отпадоци. Организатор е движењето ЛЕАД, под мотото „В џеб, ако нема каде друго“.

Проектот „В ЏЕБ, ако нема каде друго!“ е поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Цивика Мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација. Проектот е поддржан и од Секторот за зачувување на животната средина на Град Скопје.