-->
-->
Младата фудбалска репрезентација без опрема и тренинг во пресрет на дуелите со Шпанија и Ф. Острови
-->
Скандал околу настапот на младата репрезентација до 21г. пред следните квалификациски дуели за ЕП со Шпанија и Ф. Острови. Дали од неинформираност или пак од други причини избраниците на селекторот Благоја Милевски се најдоа во тешка ситуација и останаа без важни тренинзи за предизвиците што ги очекуваат. Во врска со настанатата ситуација информација даде и ФФМ која ја пренесуваме во продолжение:
-Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и сеуште не е ослободена.
Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина.
Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење / подигнување опрема.
ФФМ нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење / подигнување на опрема.
Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија.
Техничкиот менаџер на МКД синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена.
И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање.
Во очекување на разрашница на настанатата состојба да потсетиме дека нашата репрезентација и гостува на Шпанија во четврток 14. Ноември а на 19.11 гостуваме на Фарските острови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи