Фудбал
12. November 2019 - 11:01

Младата фудбалска репрезентација без опрема и тренинг во пресрет на дуелите со Шпанија и Ф. Острови

Скандал околу настапот на младата репрезентација до 21г. пред  следните квалификациски дуели за ЕП со Шпанија и Ф. Острови.  Дали од неинформираност или пак од други причини  избраниците на селекторот Благоја Милевски се најдоа во тешка ситуација и останаа без важни тренинзи за предизвиците што ги очекуваат.  Во врска со настанатата ситуација  информација даде и ФФМ која ја пренесуваме во продолжение:
 
-Целата опрема на репрезентацијата е задржана на аеродром од пристигнувањето во Шпанија (тимот пристигна вчера во 16:20) и сеуште не е ослободена. 
Синоќа тренингот на Македонија (беше закажан во 19:30) не е одржан поради таа причина. 
Од Шпанска федерација одговорот е дека не знаеле за некој нов закон и барање некаква декларација за таков вид на носење / подигнување опрема. 
ФФМ нема добиено никаков допис дека е потребна дополнителна документација за носење / подигнување на опрема. 
Информиран е делегатот на натпреварот и амбасадата на Македонија во Шпанија. 
 
Техничкиот менаџер на МКД синоќа до 23:00 часот бил присутен на аеродром заедно со економите од репрезентацијата, но не добил информација што всушност е потребно и дали опремата ќе биде ослободена.
И покрај инсистирањето на нашите претставници на аеродромот да пристигне претставник и од Шпанска федерација, не дошол никој и по пет часа чекање.
 
Во очекување на разрашница на настанатата состојба да потсетиме дека нашата репрезентација и гостува на Шпанија во четврток 14. Ноември а на 19.11 гостуваме на Фарските острови.