Македонија
22. јуни 2017 - 13:31

Млада жена прегазена во Струмица, возачот притворен

Рано утрово околу 05.20 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица, А.З. (42), управувајќи патничко возило „Мерцедес Спринтер“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Д. (44) од Струмица, која починала на местото.

Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. 

Возачот е приведен во ПС Струмица, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.