Македонија
13. April 2017 - 14:21

Млад виничанец загина во сообраќајка во Кочани

Дваесет и четиригодишниот  Д.С.  од Виница синоќа околу 23 часот загина во сообраќајна несреќа што се случи на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани, соопшти МВР.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу патничкото возило „Фолксваген Голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Д.С. (24) од Виница и патничкото возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.П.(32) од Кочани.

Веднаш по незгодата возачите со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствен дом Кочани, каде кај Д.С. е констатирана смрт, а кај А.П.  телесни повреди.

Со овластување на јавен обвинител увид на местото на сообраќајката извршила екипа од Полициската станица Кочани.