Македонија
24. July 2018 - 14:04

Млад тетовец со порше прегази старец (79)

Вчера околу 13,00 часот, било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Тетово, патничко моторно возило „Порше каен“ со германски регистерски ознаки, управувано од А.Ш. (21) од Јажинце, тетовско удрило во пешак В.П. (79) од Брвеница. 

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница, а потоа префрлен на скопските клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.