Македонија
23. February 2018 - 13:51

Млад струмичанец го оштетил буџетот на Република Македонија - му се заканува затворска казна

Дваесет и пет годишно момче од Струмица го оштетило државниот буџет за 126.051 денари. Како што информираат од полицијата,поднесена е кривична пријава против Д.Д. (25) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување’’. Во текот на 2015 година пријавениот со продажба на услуги преку социјалната мрежа “Фејсбук” остварил приход од 1.260.511 денари, којшто го примил преку брз трансфер на пари, но за таа сума не платил данок во висина од 126.051 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Република Македонија.