Македонија
16. October 2016 - 16:45

Млад полициски службеник загина во сообраќајка на патот Охрид- Струга

26 годишниот  Александар Стојаноски го  загуби животот ,едно лице со тешки телесни повреди е префрлено во Болницата Свети Еразмо додека две лица со лесни повреди се пуштени на домашно лекување во тешката сообраќајна незгода која што се случи синоќа на регионалниот пат Охрид Струга во близина на Оровничка плажа .Младиот полициски службениk кој  започнал со работа во СВР Охрид пред само 4 месеци бил исклучително посветен работник.

Сообраќајната незгода се случила при директен судир на моторциклот марка јамаха управуван од страна на полицаецот и такси возило Форд Мондео по што моторциклистот излетал надвор од коловозот.

На овој патен правец изминатиов период загинаа 4 моротциклисти. Инаку за нецели 24 часа во охридскиот регион се случија две  сообраќајни незгоди ,утрово во близина на селото Врбјани едно возило излетало од патот при што се повредени 2 лица.