Македонија
15. August 2018 - 10:52

Млад моторџија тешко повреден во сообраќајка на пато Градско- Прилеп

Вчера во 10.30 часот на патот Градско-Прилеп, М.Б. (26) од с.Новаци, управувајќи мотоцикл „Кавасаки ZX-IOR“ со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.