Loading Video...
Кошарка
20. јуни 2018 - 15:43

МКФ предлага: Максимум четворица странци и минимум тројца Македонци на терен

На денешната последна дебата помеѓу МКФ и претставници на Прволигашите (7 клуба) беше изнесен предлогот од страна на МКФ за намалување на бројот, почнувајќи од следната сезона (2018/2019). 
 
Предлог кој МКФ ќе го достави до клубовите, кои пак треба да се изјаснат по пат на дописно Собрание гласи:
 
За следната сезона (2018/2019) бројот на странци од 6 се намалува на 4 со задолжителен број на тројца (наместо како досега двајца) Македонци во игра во првиот дел од првенството, односно двајца Македонци на терен, во понатамошниот тек на првенството (Супер лига и плејоф и плејаут).
 
За сезоната потоа (2019/2020 година) бројот на странци останува 4 , но за тогаш се предвидени задолжително тројца Македонци во игра до полуфиналната серија од Плејофот.
 
Правилото за  4 странци со тројца Македонци во игра во текот на целото првенство, би важело од сезоната 2020/2021. 
 
Ова е само еден од чекорите што раководството на МКФ предвидува да ги преземе во иднина за зголемување на квалитетот на македонските кошаркари и давање поголема доверба и минутажа од клубовите, а преку тоа и квалитетот на македонската репрезентативната кошарка.
 
За во идниот месец се планира промена и кај Второлигашите.