Кошарка
7. May 2016 - 9:42

МКФ го избрка, БиХ го ангажира?!

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ е најсериозниот кандидат за нов селектор на Босна и Херцеговина.
 
Босанските медиуми пренесуваат дека контактите со актуелниот тренер на Партизан биле остварени и дека од Кошаркарскиот сојуз на БиХ му понудиле 25.000 евра месечна плата.
 
Џикиќ стана селектор на Македонија кон крајот на 2013, успешно ги мина квалификациите, а ненадејно на 22.јули 2015 година, непосредно пред почетокот на подготвките за Европското првенство, доби отказ.