Мјузиклот „Ла Ла Ленд“ освои пет БАФТА награди
Филмот „Ла Ла Ленд“ е прогласен за најдобар филм на годинешното доделување на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА), коешто се одржа сношти во лондонски Ројал Алберт Хол“.
Музичкиот спектакл беше апсолутен победник на вечерта со вкупно пет награди од 11 номинации. Демиен Шазел ја доби статуетката за најдобар режисер, а Ема Стоун - за најдобра женска главна улога. Филмот победи и во категориите музика и кинематографија.
Наградите БАФТА се британскиот еквивалент на доделувањето на „Оскарите“, кое традиционално следува две седмици подоцна. Филмаџите често ги оценуваат БАФТА наградите како предвесник за тоа кој ќе добие и „Оскарот".
Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Кејси Афлек за филмот „Манчестер покрај море". Критичарите сметаат дека оваа драма конечно му овозможи на глумецот најпосле да излезе од сенката на својот далеку попознат постар брат на Бен Афлек.
БАФТА статуетките за најдобри споредни улоги ги добија британскиот глумец Дев Пател за филмот „Лав", и Афроамериканката Виола Дејвис - за „Оградa".
Филмoт „Jaс, Даниел Блејк" е прогласен за најдобар британски филм. Кен Лоуч (80), режисерот на оваа социјална драма, го искористи својот говор да ја искритикува социјалната политика на британската Влада.
- Најранливите и сиромашни луѓе оваа Влада ги третира безмилосно и брутално, а тоа е срамно, рече Лоуч.
На крајот на свеченоста принцот Вилијам, кој е и претседател на академијата БАФТА, му ја врачи наградата за животно дело на 90-годишниот американски комичар, музичар и текстописец Мел Брукс.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација