Фудбал
29. September 2017 - 11:17

МЈ: Лукаку сруши рекорд стар 60 години

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку  го забележа најдобриот старт  во историјата на „Црвените ѓаволи“ откако постигна 10 гола на првите 9 средби за Манчестер Јунајтед.  Лукаку  во првенство на 6 средби забележа исто толку погодоци а во два настапи во ЛШ постигна 3 гола додека еден има против Реал Мадрид на Суперкупот во Скопје.  Со тоа го сруши рекордот на Боби Чартон од 1956 година кога легендата на Јунајтед на 9 средби постигна 9 погодоци додека ван Перси  во 20102-тата имаше 7 од 9 настапи. Пред него Ибрахимовиќ дури по 20 средби постигна 10 гола. 

Лукаку летово пристигна на Олд Трафорд од Евертон за 75 милиони евра. 
 
https://