Македонија
10. April 2020 - 11:23

Мизрахи: Ковид-19 ја покажа сета неподготвеност и лажна слика за состојбите во државата

Македонија постојано се соочувала и минувала низ премрежjа. Денешницата не е исклучок. Се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Корона вирусот ја сруши сликата на општествен систем поставен на здрави нозе. Ковид-19, ја покажа сета неподготвеност и лажна слика за состојбите во државата.

Здравствениот систем е еден од носечките столбови од севкупниот општествен систем и без него не може да постои нормален живот. Во недостаток на функционален здравствен систем денес сме сведоци на реално ТВ шоу кое наместо да нуди решенија, нуди чувство на напнатост. Таа напнатост се шири и низ економијата.

Денеска Македонија повторно повикува. Секој од нас мора да даде свој придонес за справување со епидемијата и проблемите што таа ги донесе. Граѓаните се главниот ресурс на државата, секој од нас е дел од нејзиниот систем.

Сега е време за заедничко надминување на проблемите. Од ова битка да излеземе посилни – со посилен систем, со посилна економија, со посилен образовен, безбедносен, здравствен систем. Тој систем треба да одговори на Вашите потреби. Токму затоа Вашиот глас мора да биде слушнат. Вашиот глас мора да ги мине бариерите на безидејната власт додека не е предоцна.

ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која е отворена за вашиот глас. Вашите предлози и идеи за справување со кризата, пратете ни ги на нашата отворена електронска пошта заедно да дојдеме до решенија. Од акцијата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”, ќе креираме политики поттикнати од вас.

Само така, само заедно, ќе помогнеме да ја пребродиме кризата и здравствено и економски и безбедносно. Затоа што сите заедно, ја сакаме Македонија.