Македонија
13. October 2020 - 12:50

Митрески: Само изолираните пратеници да работат онлајн

Владејачката СДСМ бара да се овозможи само пратениците кои имаат решение за изолација да се вклучат онлајн на собраниските седници и да можат да гласаат.

Координаторот на пратеничката група Јован Митрески рече дека очекуваат овие измени на Деловникот да се донесат со консензус.

Митрески вели дека мнозинството не планира на сила да го донесе овој закон и дека ќе остават време на опозицијата да го прифати нивниот предлог.

 

Александар Спасовски