Македонија
10. September 2020 - 13:25

Митрески: Постигнавме договор за собраниските тела

Власта и опозицијата утринава постигнаа конечен договор за тоа кој со која комисија ќе раководи во парламентот со што Собранието станува функционално и ќе може да работи, изјави координаторот на СДСМ Јован Митрески по средба со останатите координатори на пратеничките групи.

Митрески посочи дека предлогот за собраниските тела веќе е доставен до Собранието и се очекува наскоро да биде закажана комисијата за избори и менувања а и пленарна седница.

„Штом договорот за комисиите е консензуален  ја очекуваме и поддршката од опозицијата, вели Митрески.

Според договореното спорната комисија за европски прашања ќе ја добие ДУИ а БЕСА ќе ја добие комисијата за култура.

 

Катерина Нешкова