Свет
26. March 2017 - 9:49

Мистура: Русија, Иран и Турција да го поддржат примирјето во Сирија

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура денеска упати итен алеп до Русија, Иран и Турција, со барање повторно да се воспостави примирје во Сирија.

Тој предупреди дека зголеменото насилство им пркоси на преговорите во Женева. 

Мистура испратил писмо до Москва и Техеран, што го поддржуваат режимот во Сирија како и до Анкара, што ја поддржува сириската опозиција, изразувајќи загриженост поради порастот на насилството во Дамаск и провинцијата Хама.

- Зголеменото насилство во изминатите денови го загрозува примирјето, договорено во одвоените преговори во Астана, стои во соопштението на Мистура. 

Тој ги повикал земјите да преземат итни напори со цел да се одржи примирјето.