Свет
14. July 2016 - 21:21

Мистура: Планираме обновување на преговорите за Сирија во август

Специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стaфан де Мистура планира обновување на преговорите за Сирија во август, изјави тој на прес-конференцијата во Женева. 

Мистура истакна дека е неопходно да има доволно поддршка, со цел ефикасен почеток на третиот круг на меѓусисриски преговори, кои се планирани за во август. 

Претходно претставникот на ОН велеше дека би сакал разговорите да се обноват во јули, за да може во август да се започне евентуалната политичка транзиција. 

Од почетокот на годината во ЕУ се одржаа два круга на меѓусириски мировни преговори кои ги предводеше ЕУ, но решение се уште не е постигнато.