Мистериозна болест меѓу американските дипломати во Виена
Виена, како центар на многу дипломатски активности, до неодамна беше безбедна за работа на многу американски дипломати, но од почетокот на годинава се забележува нагло зголемување на здравствените инциденти со симптоми слични на мистериозната мозочна болест што се појави во Хавана во 2016 година, објави Радио слободна Европа (РСЕ).
Американската влада истражува низа здравствени инциденти во Виена во кои се вклучени нејзините дипломати и друг персонал во администрацијата, пренесува Би-Би-Си, истакнувајќи дека пријавените симптоми се слични на „синдромот Хавана“ за кој се уште не е утврдена дефинитивната причина, но американските научници велат дека тоа е најверојатно предизвикано од микробранова радијација.
Откако претседателот Џо Бајден ја презеде должноста во јануари, повеќе од 20 претставници на американската дипломатија во Виена пријавија симптоми слични на „Хавана синдромот“.
Такви случаи се забележани и во други делови на светот, но американските власти велат дека бројките во Виена се поголеми отколку во кој било друг град, освен Хавана.
Синдромот првпат беше забележан во Куба во 2016 и 2017 година кога американски и канадски дипломати се пожалија на низа симптоми, почнувајќи од вртоглавица, губење рамнотежа, губење на слухот и вознемиреност до она што тие го опишаа како „когнитивна магла“.
За случаите во Виена првпат објави „Њујоркер“ на 16 јули, а подоцна ги потврди и Стејт департментот, посочува Би-Би-Си.
Австрија ги истражува пријавените случаи на болеста меѓу американските дипломати во Виена.
„Ние ги сфаќаме извештаите многу сериозно и, во согласност со нашата улога како земја домаќин, работиме со американските власти на заедничко решение“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.