Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Новинар пријавил дека бил удрен со тврд предмет на вчерашниот протест за „Монструм“
-
7 починати и 721 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
Уапсен прилепчанец поради тргување и изработување на оружје
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, затоа им пречи борбата на Николовски против корупцијата
-
Секое трето дете во Германија има проблем со менталното здравје поради пандемијата
-
Николовски: Над 80.000 членови го ажурираа своето членство во СДСМ
-
Мајка си ги фрла децата од прозорец за да ги спаси од пожар | ВИДЕО
-
Во Русија почна тестирањето на вакцината „Спутник лајт“