Македонија
19. February 2021 - 13:38

Мисајловски: Од утре почнува кампањата за собирање потписи за поништување на Законот за попис

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски по денешната средба со пензионерите во општина Бутел, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека од утре започнува кампањата за собирање на потписи се со цел понишување на Законот за попис, и упати апел до сите граѓани да се придружат на ваквата иницијатива додавајќи дека штандови ќе има насекаде низ државата.

Ние започнуваме уште од утре насекаде низ Македонија да ги собираме овие потписи, затоа ги охрабруваме граѓаните ќе не има секаде низ плоштадите, ќе не има на улиците секој кој што сака да ни даде поддршка да дојде да се потпише, бидејќи сакаме што повеќе граѓани да бидат опфатени, а потоа се разбира ние заеднички да ги поднесеме за соборување на овој закон. Секако тука ќе бидеме сите пратеници да се потпишеме и потоа да ги доставиме, вели потпретседателот Мисајловски и додаде:

Затоа започнува оваа кампања би ја нарекол во наредните 20тина, 30тина дена и секој еден граѓанин кој што сака да ни се приклучи е добредојден, ќе не има од утре насекаде и ќе продолжиме и во наредните денови се разбира, да дојдат да се потпишат и потоа со едно мото да имаме реален потпис, и затоа го бараме потписот на граѓаните за сето ова да го измениме.

Денеска сме тука во Бутел, каде што ќе имаме неколку средби со повеќе целни групи или со повеќе граѓани. Заедно со пратеникот Дарко Костовски, заедно со дел од раководството на Општинскиот Комитет Бутел, се разбира и со многу граѓани да разговараме за сите оние теми што се секојдневни. За темите што најмногу граѓаните ги интересира и секако да ги објасниме нашите ставови по сите прашања.

Денеска со многу пензионери исто така се сретнавме и имавме убав настан каде што можевме да слушнеме каков е животот во Македонија и колку се задоволни од стандардот. Јас можам да кажам дека не е баш така розово како што оваа власт сака да презентира. Односно слушнавме пред извесно време министерката за труд и социјала спомна дека сите граѓани се среќни од кога СДСМ дошле на власт. Но, не е така.

Денеска слушнавме дека граѓаните не се задоволни воопшто од последниве години како расте пензијата, односно околу стотина денари само им е качена пензијата во последните три – четири години. Слушнавме дека многу нивни основни потреби не може да си ги остварат. Слушнавме како дека не можат за еден обичен преглед да дојдат на ред во амбулантите и поликлиниките, и во болниците се разбира. Не можат и немаат можност да се вакцинираат. Не можат да гледаат како нивните деца не можат да најдат работа тука бидејќи се повеќе гранки се затвораат. Но, и се повеќе млади се иселуваат.

И тоа се прашања што ги мачат тука жителите во Бутел. И затоа добро е ВМРО-ДПМНЕ што е на терен и разговара за овие прашања бидејќи нема избори, кога нема избори добро е секогаш да разговараме со граѓаните. И затоа од овие сите разговори потоа да ги преточиме во програма, но и да обрнеме големо внимание на она што е потребата на луѓето, а тоа е подобар живот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ мора што побрзо да ја симне оваа власт и да понуди подобри решенија, да понуди подобра програма и се разбира да се види напредок во општината.

Како што Општината Бутел не прави ништо, како што Градот Скопје не прави ништо, зборам за капитални проекти, за поубав Бутел итн., ништо не прави ниту власта. Затоа сето ова набрзо мора да се промени.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ