Македонија
7. February 2020 - 21:57

Мисајловски на Фејсбук: Во Куманово победува обновата!

Денеска сме заедно со граѓаните на општината Старо Нагоричане.

Велат од кога СДСМ е на власт, посетувани се од владините функционери само во предизборните кампањи. Ветувани им се многу работи, ама како и насекаде во државата, затајува реализацијата.

Сакаме да разговараме со сите граѓани, да дојдеме до секој еден граѓанин и да го посетиме секој дом. Да се соочиме со пропустите, со проблемите, со маките и со предизвиците. Да ги презентираме нашите идеи, визии и решенија за нив. Обновата на Македонија е програмска платформа која ги обединува сите граѓани преку заедничкиот интерес, подобар и полесен живот.

ВМРО – ДПМНЕ покажало во минатото, а ќе покаже и сега дека системски може да ги подобри условите за живот во сите области. Напиша на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.