Џет-Сет
24. January 2016 - 18:15

Мис Универзум сака да стане новата девојка од Џемс Бонд

По победата на Изборот за Мис Универзум, Мис Филипини Пија Алонсо соопшти дека сака да стане новата Бондова девојка.

На прашањето на новинарите што планира следно, таа рече: Можеби ќе станам нова Бондова девојка. Тоа е мојот следен сон.

Овогодишната победничка допатува во родните Филипини првпат откако домаќинот на церемонијата во Лас Вегас Стив Харви, по грешка ја прогласи Мис Колумбија за Мис Универзим, наместо неа.