Свет
28. January 2016 - 19:55

ОН: Мировните преговори за Сирија сигурно почнуваат утре

Мировните преговори за ставање крај на војната во Сирија ќе почнат утре во Женева, соопшти портпаролот на специјалниот пратеник на ОН за оваа земја Стефан де Мистура.

- Потврдувам дека разговорите почнуваат утре, изјави Кавла Матар, иако опозициските групи се уште не го потврдиле своето учество.

Претходно денеска, канцеларијата на специјалниот пратеник Мистура  објави негова видео-порака упатена до сирискиот народ, во која вели дека очекува разговорите да бидат одржани „во следните неколку дена“