Македонија
11. December 2016 - 14:34

Мирно и без проблеми гласањето во Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица

Изборниот процес во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица се одвива мирно и без проблеми, информираа Општинските изборни комисии од овие градови. 

Во Делчево до 13 часот гласале 36 отсто од запишаните гласачи или 5.370 лица, а во Берово правото на глас до 13 часот го оствариле 39,5 отсто или 4.373 гласачи.

Во Пехчево гласале 1.766 лица или 41,15 отсто, додека во Македонска Каменица до 13 часот гласале 2.634 избирачи или 39 отсто.