Мирен протест во Приштина за поддршка на Рамуш Харадинај
Во Приштина денеска се одржа мирен протест за поддршка на Рамуш Харадинај, чија екстрадикција заради сторени воени злосторства од француските власти ја побара српското правосудство, јави Танјуг.
Од собирот беше упатено барање за ослободување на поранешниот командант на ОВК и косовски премиер од францускиот затвор,негово враќање на Косово и отфррлање на барањето на Србија.
Говорниците, исто така побараа повлекување на сите потерници кои Србија ги распишала за поранешните припадници на ОВК.
На собиорт беше пуштена и видео порака на Харадинај од Франција во која тој се заблагодари на поддршката.
На собирот учествуваа косовскиот пратеник Даут Харадинај, поранешниот американски амбасадор и шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово во текот на војната од 1998-1999 година, Вилијам Вокер, како и градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети.
Даут Харадинај кажа дека учеството на граѓаните на протестот покажува дека неговиот брат не е осамен, наведувајќи дека „Албанците се голема нација, која својата слобода на никого нема да му ја подарат“.
Тој ги повика косовските власти да го прекинат дијалогот со Белград и да не им дозволат на претставниците на српските власти слободно да се движат низ Косово и да водат предизборна кампања.
Вокер кажа дека на собирот е дојден за да ја искаже солидарноста со Харадинај, со кого е пријател, како и со населението на Косово.
Апелациски суд во Франција за 6 април го одложи донесувањето на одлуката за предавање на Харадинај, а српското Обвинителство за воени злосторства, покрај претходните докази, на иницијатива на Министерството за правда, достави и поединечни конкретни докази - искази на сведоци и записници од увиди на лице место.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж