Бизнис
28. September 2016 - 12:25

Миноски: Во декември пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите

Во декември годинава пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите од 670 денари.

Ова го најави министерот за финансии Кирил Миноски во денешното образложение на Предлог-буџетот за 2017 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

- Во декември со исплата на ноемвриската пензија ќе се исплати и ветеното зголемување на пензиите. Повеќе од 300.000 пензионери ќе добијат зголемување од околу 670 денари или во просек покажување од 5 проценти, рече Миноски.

Тој додаде дека зголемувањето ќе биде линеарно кај сите пензионери, а најголемо ќе биде кај оние со пензија помала од 9.000 денари, каде зголемувањето ќе изнесува 8 отсто.