Спорт плус
28. November 2016 - 14:22

Министрите за спорт заседаваат во Будимпешта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески во следните три дена ќе престојува во работна посета на Будимпешта, каде ќе земе учество на министерската конференција за министри надлежни за спортот, во организација на Советот на Европа. На конференцијата учество ќе земат министрите за спорт од земјите членки на Советот на Европа, а ќе се дискутира за улогата на властите во адресирањето на предизвиците во борбата против допингот во спортот и манипулацијата со спортските натпревари. Во рамките на тркалезните маси, првите луѓе на спортот во Европа ќе разменат мислења Соработката на националните власти со Светската антидопинг агенција (WADA),за можностите на Владите да ја зајакнат заштитата на фундаменталните права на спортистите, како и за доброто управување во спортот преку засилена соработка помеѓу властите, учесниците во спортските активности и спортскитездруженија.
На самиотот предвидено е и потпишување на Конвенцијатана СЕ за интегрирана безбедност, сигурност и пристап кон фудбалските натпревари и други спортски настани, од страна на земјите кои се уште не пристапиле кон потпишување на овојдокумент.
Спасескинамаргинитенасамиотот ќе оствари средби со неколку свои колеги во насока на продлабочување на соработката во делот на спортот.