Свет
8. November 2017 - 12:38

Министрите за одбрана на НАТО ќе разговараат за Авганистан, Северна Кореја, Русија и Сирија

Авганистан, Северна Кореја, Русија и Сирија ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, што се одржува во Брисел.

На денешната вечера ќе присуствува и Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. 

Министрите за одбрана се очекува утре да одобрат зголемување на бројот на војници во мисијата во Авганистан, како знак на поддршка на новата стратегија на американскиот претседател за таа земја.

За утре попладне е предвидено американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис да се сретне со околу 60 министри и претставници на меѓународната антиџихадистичка коалиција. Тие ќе разговаат за кампањата против Исламска држава во Ирак и во Сирија.