Македонија
29. September 2020 - 8:52

Министрите на седница на Владата ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

 Владата денеска ќе ја одржи седмата седница, на која министрите ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата.

Како што соопшти владината прес-служба, ќе се обратат претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Почетокот на седницата е во 12 часот, а за заклучоците ќе биде соопштено по нејзиното завршување.