Македонија
30. јуни 2018 - 15:16

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба.

Во акцијата целосно се искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Од страна на работниците во „Комунална хигиена“ - Скопје, општина Карпош и општина Гази Баба, комплетно во целиот комплекс на Клинички Центар се исчистени улиците и се собра ѓубрето.

ЈП „Улици и патишта“ асфалтираа цели кракови и ги пополнија најкритичните дупки на улиците.

Министерството за здравство најави дека викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“.