Македонија
16. December 2018 - 17:08

Министерството за транспорт следната 2019 година ќе се пресели во сопствената зграда

Министерствто за транспорт ќе се врати дома. Страта зграда која се доградува е веќе готова, се чека да се направи технички прием и постапката за селење може да почне. Министерот за транспорт вели дека очекува наскоро да биде завршена целата процедура. Преселбата с еодлужува неколку месеци затоа што во текот на градба биле направени неколку измени кои администратвно треба да се верификуваат, па зградата да добие дозвола за употреба.

Новиот објект на Министерствто за транспорт е дограден за нови два ката. Градежнте работи започнаа кон крајот  на 2011 година. Периодот на градба се одолговлечи затоа што на барање на Институтот за земјотресно инженерство морала да биде зајакната статиката, преку зајакнување на столбовите и темелите со арматура. За оваа интервенција бил потребен целосно нов прокет, кој и го поскапе објектот. Вкупната сума потрошена за новиот лик на Министерствто за транспорт изнесува 5,5 милиони евра . Во овој период просториите на Министерствто се сместени во старата зграда на МНР, каде немаат трошоци за кирија.