Министерството за енергетика на САД прогнозира поскапа цена на нафтата во 2020 година
Министерството за енергетика на САД ја зголеми прогнозата за просечната цена на нафтата марка „Брент“ за оваа година до 41.42 долари за барел, се вели во најновиот извештај на Управата за енергетска информација (ЕИА) на министерството.
Според прогнозата, цената на „Брент“ во 2021 година може да биде уште поголема, 49.53 долари за барел.
Министерството во јули ја зголеми прогнозата за цената на оваа нафта до 40.5 долари. Исто така, корекции од страна на ЕИА имаше и на прогнозата за дневното вадење сурова нафта во САД.
Сега, се очекува дека во 2020 година тоа ќе биде 11.26 милиони барели дневно (наспроти 11.63 милиони нбарели дневно очекувани во јули). Додека во 2021 година се очекува добивање на 11.14 милиони барели дневно.
Суфицит на понудата на нафта во светот во 2020 година може да изнесува 1.08 барели дневно.
Како што е веќе познато, зделката на картелот ОПЕК+ во март не успеа.
Со отварањето на берзите на 9 март вредноста на „Брент“ се намали за повеќе од 35 проценти. Во април, цената на супер лесната западно-тексашка нафта (ВТИ) за првпат во историјата отиде во минус. Во април, земјите на ОПЕК+ договорија ново кратење на црпењето нафта.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност