Македонија
24. January 2017 - 17:44

Министерство за култура: Алаѓозовски врши притисок и мешање во работата на институцијата

Министерството за култура реагира попладнево на изјавата на претседателот на Комисијата за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски. 

- Роберт Алаѓозовски нема право, ниту легитимитет како претседател на Комисијата за култура на СДСМ да бара поништување на резултатите по конкурс на една државна институција како Министерството за култура, се вели во реакцијата од Министерството за култура. 

Преку својата партиска функција, како што се наведува, Роберт Алаѓозовски врши груб притисок и мешање во работењето на Министерството за култура.