Loading Video...
Свет
6. July 2022 - 16:40

Министерските оставки ја нишаат фотелјата на Борис Џонсон

Се нижат оставките  во британската влада во знак на несогласување со начинот на работа на премиерот Борис Џонсон. 

Грбот на Џонсон први му го свртеа министерите за  финансии и здравство Риши Сунак и САџид Џавид, по што фотелиите ги напушптија и министрите за  деца и семејстви, за транспорт, за правда, за училишта и за животна средина.

Оставки најавија и други министри, додека Џонсон вели дека нема намера да ја начпушти премеирската фунцкија. Владата на Џонсон се соочи со низа афери изминатите неколку месеции а најновата со Крис Пинчер, се заканува да биде последната капка која ќе ја прелие чашата.

Синоќа премеирот во интевју за БИБИСИ јавно се извини за, како што рече, направената грешка со назначувањето на Пинчер за заменик-шеф на парламентарната група на конзервтивците, иако знаел за пријавите за сексуално вознемирување против него.

- Да, мислам дека беше грешка и се извинувам за тоа. мислам, во ретроспектива, тоа беше погрешно. им се извинувам на сите кои беа лошо погодени од тоа. сакам да бидам апсолутно јасен дека во Владата нема место за никој што е предатор или ја злоупотребува својата позиција на моќ - рече Џонсон.

Првата реакција на лидерот на опозицијата, Кир Стармер од Лабуристичката партија е дека Владата се растура. Решението во сегашната ситуација, Стармер го гледа во предвремени избори.

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за Србија  во која се наведува дека напредокот на Србија кон ЕУ директно ќе зависи од зајакнувањето на владеењето на правото, нормализирањето на односите со Косово и усогласувањето со европската надворешна и безбедносна политика, што вклучува воведување санкции против Русија.

Со резолуцијата за 2021 година  Европскиот парламент за првпат ги повикува Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите „врз основа на взаемно признавање“.

Докумнетот не е правно обрвзувачки, но претсваува политичка насока за земјата во процесот на евроинтеграцијата.