Свет
8. October 2015 - 9:26

Министерски состанок на државите членки на НАТО

Засилениот воен ангажман на Русија во сирискиот конфликт се очекува да биде главна тема на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Министерскиот состанок во седиштето на НАТО се случува откако Турција предупреди дека руските воени авиони го повредиле нејзиниот воздушен простор и се очекува останатите членки на Алијансата да изразат своја соллидарност со Анкара.

На состанокот ќе стане збор и за зголемената загриженост меѓу балтичките држави поради вмешаноста на Русија на исток во Украина. Би-Би-Си јави дека се очекува британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон да објави дека Британија е подготвена долгорочно да стационира свои војници во балтичките држави.