Бизнис
16. September 2019 - 16:28

Министерот за транспорт очекува во предвидениот рок да биде завршен експресниот пат Штип-Радовиш

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски отпимист дека експресниот пат Штип – Радовиш ќе биде изграден пред предвидениот рок во април 2021 година. Во моментот се работи на првата фаза во должина од 23 километри.

Сериозна динамика имаме на изградба на овој експресен пат. Значењето на овој експресен пат е огромно. Зборуваме за цел источен регион, значи опфт на население од околу 170 000 жители, а во делот на стопанството имаме преку 12 000 фирми-изјави ГОРАН СУГАРЕВСКИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ.

Според првиот човек на државни патишта, експресниот пат е пример како треба да се гради. За првата фаза финанскиот обем е реализиран 52%, а физичкиот дел 54 %.

По само година и половина се асфалтира првиот дел од 5 километри, а останатиот дел се подготвува. Проектот го воведовме во работа со 99% завршена експропријација и со завршени археолошки испитувања по најбрз можен пат, а согласно законите, изјави ЗОРАН КИТАНОВ, ДИРЕКТОР НА ЈП „ДРЖАВНИ ПАТИШТА“.

Во фаза на евалуација е и втората фаза од експресниот пат, на потегот од Три Чешми до мостот на Брегалница и од Бучим до излезот на Радовиш. Паралелно се работи и на рехабилитација на постојниот регионален пат. Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е со вкупна вредност од 51 милион евра.