Министерот за финансии Миновски го посети Централниот регистар
Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миновски на Централниот регистар на Република Макеоднија.
- Министерот Миновски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучен за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија и ја истакна улогата што ја има оваа институција во олеснувањето на условите за водење бизнис и во зголемувањето на сигурноста во правниот промет, соопшти по посетата Централниот регистар.
Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, кој детално го брифирал министерот за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, нагласил досегашната плодна соработка со Министерството за финансии како клучен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар.
- Министерот и директорот се заложија за понатамошна успешна соработка во насока на исполнување на барањата на граѓаните и на бизнис-заедницата, со цел спроведување на владините политики за унапредување на условите за водење бизнис, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Учениците учат само за оценка
-
Преглед на вестите од свет
-
Тема на денот со Милан Стефановски, аналитичар
-
Предизвици пред седницата на Уставен
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии