Министерот Спасовски се сретна со полскиот амбасадор Мултановски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија Јацек Мултановски.
Амбасадорот Мултановски, како што соопшти МВР, му го честитал изборот на министерот Спасовски и му посакал успешна работа. Тој ја потенцирал одличната соработка меѓу двете земји и решеноста на Република Полска максимално да и помогне на Република Македонија на патот кон НАТО и Европската унија. Мултановски изразил интерес за најавените реформи во МВР и за приоритетите во наредниот период.
Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и на досегашната соработка со Република Полска и ја потенцирал решеноста за спроведување реформи во македонската полиција и за таа, како што се наведува, да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните.
- Министерството за внатрешни работи е во многу лоша финансиска состојба затоа што во минатото премногу средства се трошеле на непотребни работи, а полицајците неколку години работат без основните средства за работа. Веќе се преземени активности во сите сегменти и се работи на решавањето на проблемите, нагласил Спасовски на средбата.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората