Македонија
21. јуни 2017 - 14:56

Министерот Спасовски се сретна со босанската амбасадорка Бабиќ

Можноста за забрзување на постапката за потпишување на договор меѓу двете земји за минување на границата со лични карти беше тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ.

На средбата, информираат од МВР, беше потенцирана добрата соработка меѓу двете земји и беше договорено да се забрза постапката за потпишување на договорот за взаемно признавање на возачките дозволи. 

Амбасадорката Бабиќ на денешната средба му врачи покана на министерот Спасовски за посета на Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина во втората половина на јули.