Македонија
9. January 2017 - 18:05

Министерот Нухиу го посети Прифатниот транзитен центар за бегалци во Табановце

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска го посети Прифатниот транзитен центар за бегалци во Табановце во кој се сместени седумдесетина мигранти, претежно од Блискиот Исток.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Нухиу бил  информиран од надлежните во Центарот за актуелните тековни состојби - за  работата на Центарот и за мигрантите кои се сместени во објектот.

Министерот во оваа пригода на децата бегалци во Центарот им подели новогодишни пакетчиња.