Македонија
8. March 2017 - 10:14

Министерот Лутфиу на прослава по повод „Ден на учителот“

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу по повод прославата на 7-ми март „Ден на учителот“, присуствуваше на свеченoст во Детскиот театар во Скопје  организирана од страна на Уметничкиот совет во соработка со учениците од средните училишта „Зеф Луш Марку“, „Цветан Димов“, „Сарај“, „Арсениј Јовков“ и „Боро Петрушевски“.

- На овој ден им оддаваме почит на сите наставници за нивниот придонес, за благородната работа, но исто така и за нивните совети кои стана патоказ на нашиот пат, лекции кои не следат и денеска. Сите наставници од сите албански територии кои се жртвуваа и изградија нова генерација, заслужуваат голема почит, истакна Лутфиу, се наведува во денешното соопштение на Министерството за образование и наука.

Министерот Лутфиу додаде дека честитајќи го „7 Март“ на сите наставници, професори и педагози сака да истакне дека општеството има неизбришлив долг на благодарност кон сите оние кои се жртвувале со цел да се заштитат вредностите на јазикот, културата, историјата и традицијата, пренесувајќи ги од генерација на генерација.