Македонија
27. August 2015 - 8:29

Министерот Изаири во посета на Прилеп

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе ја посети општина Прилеп при што ќе оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески.

Како што е најавено, министерот Изаири ќе присуствува на состанокот на кој ќе се разгледува статусот на договорот „Изградба на пречистителна станица во Прилеп“, а ќе се договорат и идните активности.

Изаири и Ристески ќе ја посетат и локацијата предвидена за градење пречистителна станица.