Министерот Филипче на Глобален самит за вакцинација во Брисел
Министерот за здравство Венко Филипче, сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и претседателот на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство Александра Грозданова, учествуваат на Глобалниот самит за вакцинација што денеска се одржува во Брисел. Самитот го организира Европската комисија во соработка со Светската здравствена организација, а е под заедничко покровителство на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
На Самитот се присутни околу 400 учесници од целиот свет, вклучувајќи политички лидери, високи претставници од ООН и други меѓународни организации, министерства за здравство, водечки академици, научници и здравствени професионалци, приватниот сектор и невладини организации.
Главната цел на самитот, посочуваат од Министерството за здравство, е да се даде видливост на повисоко ниво и политичко влијание на темата вакцинација, што претставува најуспешната мерка за јавното здравје и заштитува милиони животи секоја година. Истовремено го демонстрира ставот и лидерство на ЕУ кон глобална посветеност на вакцинацијата, ќе ја зајакне политичката посветеност кон елиминација на болести што се спречуваат со вакцините и ќе ги ангажира политичките лидери и лидери од научното, медицинското, индустријата, филантропското и граѓанското општество во глобална акција против ширењето на дезинформациите поврзани со вакцините.
-Вакцинацијата е најуспешната мерка за јавно здравје во модерното време. Темите на панел дискусијата околу која излагаат панелистите се однесуваат на глобалната стратегија зголемување на довербата во вакцините, засилување на истражувањата за вакцините, развој и иновации и создавање глобален одговор за осигурување на јавното здравје, безбедност и просперитет преку имунизација, порачуваат од Министерството.
Ново на Сител
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол