Бизнис
14. September 2019 - 8:27

Министерот Димковски во работна посета на Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска ќе одржи работна средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тема на средбата е спроведување превентивни мерки против африканска свинска чума.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, по средбата е предвидено Димковски и Бочварски да ја посетат ветеринарната станица во Штип.