Министерот Димитров на Самит за Западен Балкан во Лондон
Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.
Конференцијата, како што информира денеска МНР, се организира во рамките на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан - Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и петте земји-членки на ЕУ - Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија.
Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.
Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.
Во рамки на програмата на Министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.
На маргините на Самитот во Лондон, МНР Димитров, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан во вторник ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес - иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово